Page Text: имаме 126.874 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Старогрчката митологија претставува вкупност од митови и легенди на Старите Грци опфаќајќи ги нивните богови и херои , природата на светот и потеклото и значајноста на нивниот култ и нивните обичаии и обреди. Сите овие нешта биле дел од религијата на Стара Грција . Денешните научници се своите основи ги темелат и ги проучуваат митовите во обид да откријат повеќе за религиозните и политичките институции во Стара Грција , целокупната цивилизација и да ја разберат природата на самото создавање на митот. Старогрчкиот мит го објаснува потеклото на светот и во детали ги опишува животите и авантурите на мноштво богови, божици, херои, хероини и други митолошки суштества. Овие вредности отпрвин биле распространти низ усна традиција; денес старогрчките митови пред сè се познати од старогрчка литература.
Најстарите познати старогрчки литературни извори се епските песни Илијада и Одисеја , кои главно се фокусирани на настаните околу Тројанската војна . Двете поеми од Хесиод , Теогонија и Дела и денови раскажуваат за настанувањето на светот, наследството на божествените владетели, потеклото на човекот и неговите проблеми. Исто така до денеска се зачувани и митови кои произлегуваат од Хомеровите химни , кои се поврзани со митови по поразот на постарите богови, и станувањето на Зевс како врховен Бог. Изворите за старогрчката митологија се пренесувале од колено на колено, главно по усмен пат. Една од најосновните карактеристики на старогрчката митологија е нејзиниот политеизам , односно постоењето на многу богови. Друга карактеристика за боговите е антропоморфната претстава за боговите, односно старите Грци своите богови ги претставувале во човечки вид, со човечки особености и карактеристики. ( Дознајте повеќе... )